
Собранието денеска треба да ја продолжи 12. седница на чиј дневен ред се Законите за минимална плата, за стечајците, за радиодифузната такса и предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на парламентот.
Се очекува на почетокот на денешното продолжение пратениците да гласаат за Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина. Претресот по оваа точка заврши во петокот, но поради тоа што немаше доволен број пратеници, гласањето беше одложено за денеска.