Без струја утре делови од Маџир маало и села во Сарај и Студеничани

Без електрична енергија утре од 08:30 до 12 часот ќе бидат жителите на улиците „Велешка“, „Преспанска“ и „Охридска“ во населбата Маџир маало во општина Центар.

Во исто време струја ќе немаат и корисниците од селата Чајлане, Семениште, Паничари, Буковиќ, Ласкарци и Раовиќ во општина Сарај.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, соопшти дека утре од 08:30 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од жителите во село Волково, односно објектот на Водостопанство Вардар, а во периодот од 9 до 12 часот корисниците од улиците 1, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани.