Меѓу фудбалерите на Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар и Уругваецот Единсон Кавани во последен момент е избегната физичка пресметка во соблекувалната поради изведувањето пенал на натпреварот од француското првенство против Лион, пишува парискиот спортски дневен весник L’Equipe.
ПСЖ во неделата пред својата публика го совлада Лион со 2:0 благодарејќи на двата автогола на гостинските фидбалери. Во 79 минута Кавани не реализираше најстрога казна. Пред тоа, меѓу него и Нејмар имаше несогласувања кој треба да го изведе ударот од 11-те метри. Во текот на мечот, исто така, меѓу Кавани и вториот Бразилец во тимот на „светците“, Дани Алвеш, имаше тензии околу тоа кој да изведе слободен удар, што на крајот му припадна на Нејмар.
По натрпеварот Кавани го критикувал Нејмар за барањата за изедувањето на пеналот. Поради тоа избувнала жестока кавга меѓу играчите, а капитенот на ПСЖ Тиаго Силва морал да интервенира за да спречи тепачка.
Во понеделникот тренерот на парижаните Унаи Емери ги повикал Кавани и Нејмар самите да го решат прашањето кој ќе ги изведува постојано слободните или казнените удари, ветувајќи дека во спротивно тој ќе се вмеша.