
Шеесет и шестгодишен маж од битолско починал вчера утрината на клупите пред Градската болница „Свeти Наум Охридски“.
Од полицијата денеска информираат дека случајот кај нив бил пријавен вчера околу 13:10 часот. Според пријавата, М.Ц. утрото околу 9:40 часот ненадејно починал на клупите пред болницата.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, по што се очекува да бидат познати причините за смртта.