Во Хрватска падна снег

Иако календарски летото се уште не е завршено, синоќа падна првиот снег во реонот на хрватскиот Горски Котар.

Како што јави интернет изданието на весникот „Јутрањи лист“, на некои места снегот се задржал на површината.

Поголемиот дел од Хрватска вчера беше зафатен од обилни врнежи од дожд.