
Институтот за јавно здравје, во соработка со Општина Чаир по повод Светскиот ден на здравјето – седми април, во сабота од девет до 14 часот во Стара скопска чаршија пред Чифте Хамам и Мурат пашина џамија, организираат акција за бесплатни превентивни прегледи на здравјето на граѓаните при што ќе се мери ниво на шеќер и холестерол во крвта, крвен притисок, телесна тежина и висина, ќе се даваат совети од страна на доктори на медицина и ќе се дели пропаганден материјал во врска со здравиот животен стил и превенција на болести.
Оттаму препорачуваат граѓаните дека пожелно е да бидат гладни со цел да вредностите од мерењата на шеќерот и холестеролот во крвта бидат соодветни.
Настанот ќе биде проследен со учество на ученици од основни училишта во Општина Чаир, како и подготвена здрава храна ,,Национални јадења“.