Затвореник избега од Идризово

Затвореник од Скопје кој ја издржувал казната во затворот Идризово избегал, соопштија од полицијата.

Вчера попладне, во кругот на дворот прво неовластено влегла 20-годишна девојка од Скопје која кога ја забележале вработените била во друштво на затвореникот.

Тој избегал, а девојката била фатена и задржана во дежурните простории во Идризово, соопштија од полицијата.