Додека филмот “American Made” во којшто насловната улога ја толкува токму Том Круз, се подготвува за неколку дена да влезе во кино салите ширум светот, глобалната јавност е окупирана со несреќата којашто се случила токму на неговото снимање во 2015-та година.
На снимањето на овој филм загинале два пилота, поради што нивните семејства сега го тужат режисерот Даг Лиман (52) како и главниот актер, Том Круз (55).
Во обвинението се наведува дека режисерот и актерот сакале да снимаат исклучително опасни зафати направени во воздух, како и тоа дека сите тие работи биле правени при огромни брзини.
Неколку недели пред несреќата во којашто го загубил својот живот, пилотот Пурвин ги повикал продуцентите и им објаснил дека повеќе не може да издржи во такви услови, како и тоа дека тоа е најопасниот проект на којшто некогаш воопшто и работел.
– Прашање е на време кога ќе се случи некаква несреќа, напишал Пурвин пред својата смрт.
Во несреќата, којашто се случила во Колумбија на 11-ти септември во 2015-та година, освен Пурвин, загинал и пилотот Карлос Берл.