Прегазена жена, со тешки повреди пренесена на Ургентен

Седумдесет и петгодиптана прилепчанка Т.Д. е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила во четвртокот во 14,05 часот на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.

Имено, 30-годишниот Н.М. од Кавадарци, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, движејќи се наназад удрил жената, информираат од полицијата.

Во незгодата Т.Д. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Општа болница Кавадарци била пренесена во Ургентен центар Скопје.