
Компанијата „Дени интернационал“ го проширува бизнисот во Општината Илинден со отворање нов административно деловен и магацински простор, во кој ќе бидат вработени околу 60 лица.
Новиот простор ќе биде на површина од 3.000 метри квадратни и истиот ќе биде наменет за пакување и препакување на логистички пратки. Вкупната инвестиција изнесува 1,4 милиони евра.
Компанијата повеќе години стопанисува во Општина Илинден и располага со шпедиција, транспортен и логистички центар, како и бензиска пумпа на влезот во Општината.