
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната Конвенција на партијата во Салата „Борис Трајковски“ упати силна порака до кандидатите за градоначалници на таа партија и коалиционите партнери.
-Почитувани кандидати за градоначалници, сонот на оваа генерација политичари е да ја видат својата татковина економски силна и просперитетна, НАТО и ЕУ интегрирана. Заедно со сите активисти во Месните штабови во Општинските комитети, заедно со сите поддржувачи од коалиционите партнери, на 15. октомври ќе славиме, ќе славиме така силно, што нема да знаат што ги снашло. А на 16. бараме предвремени парламентарни избори. Да работиме чесно и одговорно за партијата, за државата. Да ни е жива и здрава Република Македонија. Да ни е живо и здраво ВМРО-ДПМНЕ, да сте ми живи и здрави сите. Победуваме!, порача Мицкоски.