Груевски: Во новата ера полесно до сопствен дом!

ВМРО-ДПМНЕ има визија дека во новата ера лесно и поевтино секое семејство ќе го оствари правото на сопствен дом.

-Македонија има потенцијали да стане земја во која лесно се гради дом. Државата треба уште повеќе да  помогне со нови можности, нова урбанизација за нови населби, поевтинување на земјиштето за градба, поволни кредити, субвенции за изградба на куќи, ослободување од дел од трошоците, и правење на помали комунални такси. Цел на новата ера е дом за секое семејство, рече Груевски на конвенцијата во „Борис Трајковски“.