Палестинец уби тројца израелски чувари на Западниот брег

Вооружен Палестинец убил тројца израелски чувари и ранил четврти во напад во еврејска насепба на Западниот брег (од реката Јордан) кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија, во вторникот утрото пред и самиот да биде убиен, соопшти израелската полиција.

Во соопштението на портпаролката на израелската полиција се наведува дека напаѓачот дошол во еврејската населба Хар Адар како дел од група Палестинци коишто работат во населбата и предизвикал сомневања кај припадниците на приватното обезбедување и паравоената израелска полиција на контролен пункт на влезот од населбата.

Повикан да застене, Палестинецот „ја отпетлал кошулата, извлекол пиштол и почнал да пука врз безбедносните припадници0 и војниците во непосредна близина“, се наведува во соопштението во чиј прилог е додадена фотографија од неговиот пиштол со мал калибар.

Во полициската изјава не се прецизира идентитетот на жртвите. Се напомнува дека убиениот напаѓач е од блиското село Беит Сурич и имал израелска работна дозвола.