Со „интервенција“ на јавноста, СДС им го врати оброкот на студентите

СДС ги лаже студентите. СДС создава вистински хаос во студентските домови. Владата на СДС без срам укина еден од оброците на студентите во студентските мензи. Благодарение на апелите на ВМРО-ДПМНЕ и повиците на јавноста СДС повторно го врати оброкот што го укина.

Ова денеска го изјави Сара Александрова од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека по реакцијата на партијата, вчера министерката Рената Дескоска повторно го вратила појадокот на студентските трпези.

-ВМРО-ДПМНЕ успеа уште еднаш да ја спроведе правдата на дело. За ВМРО-ДПМНЕ идните академски граѓани на Република Македонија не се само гласачко тело како што ги смета СДС, туку иднината на Македонија во која треба многу да се инвестира. Оваа ситна игра и манипулација на СДС со студентите скапо ќе ги чини на 15-ти октомври, истакна Александрова, потенцирајќи дека на 15 октомври граѓаните ќе ги казнат лагите на Заев, поигрувањата со семејствата на студентите и потценувањето на нивната интелигенција.