Реал конечно славеше во Дортмунд

Во дербито на колото од фудбалската Лига на шампионите, актуелниот европски првак Реал Мадрид конечно дури во седмиот меѓусебен дуел Германија, успеа да ја совлада Боруси во Дормунд со 3:1.

Реал поведел преку Герет Бејл во 18 минута, а велшкиот фудбалер во 50 минута му асистираше на Кристијано Роналдо за водство од 2:0. Борусија не се предаваше па намали со голот на Пјер-Емерик Обамејанг во 54 минута, за Роналдо во 79 минута по асистенција на Лука Модриќ да го постави конечниот резултат.

До синоќешниот меч Реал никогаш немаше победа на „Вестфален“ стадионот. Во шест. Во шесте натпревари забележа три пораза и три ремија со негативна гол-разлика 5:11. Борусија и Реал во групната фаза играа и минатата сезона и двата дуела завршија со идентичен резултат 2:2.

Во вториот натпревар од групата Х, Тотенхем во Никозија славеше со лесни 3:0 со „хет-трикот“ на Хари Кејн. По двете кола, лондонскиот тим има две победи во оваа ткн „група на смртта“.

Во групата Г Наполи на стадионот „Сан Паоло“ лесно го совлада Феенорд со 3:1 запишуајќи ја втората победа. Головите за лидерот во италијанскиот шампионат ги постигнаа Мартенс, Инсиње и Каљехон, додека гостите во второто полуврме не реализираа пенал.

Во вториот меч од оваа група Манчестер Сити потешко од очекувањата го совлада Шахтјор со 2:0. Анлискиот клуб дури во 49 минута ја проби одбраната на украинскиот со прекрасниот гол на Брујне а во 72 минута голманот Пјатов му одбрани пенал на Агуера. Во 90 минута Рахим Стерлинг конечно го реши прашањето на победникот.

Во групата Е Ливепрул гостуваше во Москва кај Спартак и одигра 1:1. Домашните поведоа со одличниот гол на Фернандо во 23 минута, а осум минути подоцна изедначи Коутињо. И за Ливерпул и за Спартак ова беше второто реми.

Во вториот натпревар од групата Севиља на „Санчес Пизуан“ лесно го совлада словенечки Марибор со 3:0, а троен стелец беше Бен Једер.

Во групата Г Порто го изненади Монако во Монте Карло со дури 3:0. Винсент Абубакар беше двоен стрелец во 31 и 69 минута, а во 89 минута погоди и Лајун. Монако е минатогодишен полуфиналист, но сега по две кола има само еден бод.

Во среда на распоред е натпреварите во групите од А до Д. Дербито на вечерта се игра во Париз каде во второто коло од групата Б ќе се сретнат ПСЖ и Баерн. Во вториот меч од оваа група играат Андерлехт и Селтик. Во групата А играат Базел – Бенфика и ЦСКА – Манчестер Јунјатед, а во групата Ц се среќаваат Атлетико Мадрид – Челзи и Карабаг – Рома додека во групата Д се дуелите Спортинг – Барселона и Јувентус – Олимпијакос.