Младите од ВМРО-ДПМНЕ ќе чистат политички графити во Битола

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, најави акција на чистење на графити низ градот кои се поврзани со претседателската кампања.

„Ваквото валкање на ѕидовите на приватни и деловни објекти, со името ликот и бројот на гласачкото ливче на еден од претседателските кандидати е надвор од сите правила и прописи за фер и демократска кампања. Не само што ова не е законски, туку, не е ни етички, а уште помалку естетски коректно“, се вели во соопштението на   УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Оттаму упатуваат апел и до младите од СДСМ да се приклучат кон акцијата.