
Русија ќе преземе соодветни чекори на одговор за САД во спорот поврзан со договорот со кој двете земји меѓусебно дозволија изведување набљудувачки воени летови над своите територии, изјави во средата рускиот помошник за надворешни работи Сергеј Рајбков.
Во најновото продлабочување на тензиите меѓу двете суперсили, Вашингтон ја обвини Москва дека го избегнува раканаречениот договор за отворено небо, кој Русија го склучи и со други земји, за да се зајакне довербата меѓу војските на двете земји, како и дека има намера да преземе уште дополнителни рестриктивни мерки против руската страна.
Весникот The Wall Street Journal објави во вторникот дека таа мерка вклучува и ограничување на воените летови над американската територија како одговор на наводното „руско спречување“ на набљудувачките летови над балтичката енклава Калининград.
Во руските медиуми во средата беше пренесена изјавата на помошникот на министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој истакнува дека Москва е незадоволна од начинот на кој САД се придржуваат до договорот како и дека ќе бидат преземени мерки против Вашингтон како одговор на секакви нови американски санкции.
„Не се сомневам дека ќе има одговор. Но пред да објавиме нешто за тоа, мораме да ја анализираме ситуацијата со својата армија и ќе видиме што ќе им се одговори на Американците“, изјавил за новинарите Рјабков.