Детали за пукањето во Кичево

Три лица се повредени во пукањето кое попладнево околу 18:50 часот се случи во Кичево.

Од полицијата информираат дека кон трите лица со пиштол пукал 58 годишниот А.Д. од Кичево.

Кичевецот ги пресретнал и со пиштол пукал кон своите сограѓани и ги повредил Д.А. (58), А.А. (40) и Ш.Д. (54). Според неофицијални и непотврдени информации, лицата во текот на денот имале судска парница.

Д.А. се здобил со повреда во ногата, додека А.А. во слабината и двајцата се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Ш.Д. се здобил со повреда во пределот на десната потколеница и е пренесен во кичевската болница.

Од полицијата информираат дека А.А. и пиштолот со кој пукал се обезбедени. Полициски екипи вршат увид на местото.