Портрет на Александар Наумоски, кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров

Александар Наумоски, кандидат за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, веќе еднаш имаше неуспешен обид во 2013 година да стане прв човек на оваа скопска општина, кога сакајќи да го оправда својот изборен пораз и по поништувањето на изборниот резулат од вториот круг, ја обвини тогашана власт за наводно денеска изјави дека нема да манипулирање. Но од тие избори, исто така, остана запаметено и дека Наумоски и неговиот тим од тогашниот „Сојуз за иднината“ по фотографиите кои се појавија во јавноста кои покажуваа дека Александар Наумоски игра валкано во кампањата, односно во обидот како со делење брашно и други производи во пресрет на одлучувачкиот втор круг се обидува да купи гласови за да ја надомести разликата која беше во полза на тогашниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митревски.

Сега Наумоски, во вториот обид да ја „освои“ општината тргнува од опозиција на власт, меѓутоа, исто така, има и сосема поинаков противник во кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Мисјаловски. Сондажите, инаку, не му даваат некои поизгледни можности на Наумоски за остварување на целта, и тој најверојатно ќе биде во функција на влечење гласови за социјадлемократскиот кандидат за Град Скопје, Петре Шилегов.

Животописот на Александар Наумоски укажува дека станува збор за проверен партиски кадар на СДСМ, редовно удобно згрижуван државни институции или во добро стоечки приватни фирми. Во моментов е инаку директор на истражниот затвор во Шуто Оризари, но функција којашто ја стави во мирување за да се кандидира за градоначланик на Ѓорче Петров. А самото тоа укажува на една црта во личноста на кандидатот, кој не сака да се откаже од удобноста на директорската фотелја и, уште повеќе, на сопствената и на партјата што го нуди несигурност во негов евентуален изборен успех.

Кандидатот на СДСМ, инаку е син на Бранко Наумоски, поранешниот претседател на Уставен суд, Бранко Наумоски позиција на којашто дојде од местото прв прваобранител на Република Македнија, на чијашто голема блискост со поранешниот лидер на социјалдемократите Бранко Црвенковски, медиумите често укажуваа. Впрчем и Александар Наумоски, во својата биографија е истакнато дека уште од 1994 година „е вклучен“ во сите изборни циклуси на СДСМ.

Помладиот Наумоски, исто така, ја продолжува семејната традиија и е правник по професија, односно магистер по уставно право – човекови права и поранешен соработник во Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

А професионалниот ангажман го започнал со тригодишно работење во адвокатска канцеларија како адвокатски приправник. Но веќе во 2004 година, кога е на власт неговата партија, е вработен во Централен регистар во М – Едношалтерски систем, како советник на генералниот директор за правни прашања, или што народски би се кажало „нишај врата, земал плата“. По две години кога веќе беше извесно дека СДСМ на парламентарните избори во 2006 година ќе доживее дебакл, Наумоски се префрла во Министерство за правда, како соработник во Секторот за поддршка на Владиниот агент, застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и извршување на одлукте на Европскиот суд под надзор на Комитетот на министри при Советот на Европа. Истовремено во истиот период и покрај промената на власта е секретар на повеќе работни групи за изготвување на закони, и член на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при Советот на Европа (DH-PR) во 2008 година.

Од пролетта 2011 година, следните две ипол години Наумоски е згрижен во „Еуролинк осигурување“ АД Скопје, на позицијата ликвидатор на штети по зелена карта во Сектор за зелена карта, во компанија зад којашто стои Трифун Костовски, секогаш близок со врвните структури на СДСМ.

Следните три години кандидатот за градоначалник е извршен директор на фирмата „Уготур“ АД Скопје, која лоцирана во кругот на „Железара” и која како дел од поранешиот стопански гигант настаната е како посебен правен субјект во 1997 година во периодот кога партијата на Наумоски ја изведуваше катастрофалната приватизација со којашто на улица останаа стотици илјади луѓе, а десетици само од Железара. Во оваа фирма чијашто основна дејност е приготвување, дистрибуирање и послужување на готови производи од областа на организирана исхрана на работници со 30 вработени до ланското лето значаен акционер беше „Фершпед“ АД Скопје, компанија која со папочна врска и финансиски е поврзана со СДСМ во чијашто приватизација е всушност и создадена како гигант меѓу опустошеното македонско стопанство. Непосредно пред излегувањето на „Фершпед“ од сопственичката структура во периодот кога Наумоски веќе наголемо со свирче во устата по скопските улици шета меѓу демонстрантите од Шарената револуција, компанијата склучи договор од 18.300.000 денари со „Уготур“, којашто според медиумите е зделака со заинтесирана страна која трае една година, бидејќи во тој момент компанијата што ја основаше Штерјо Наков се’ уште имаше четвртина од акционерскиот удел во „Уготур“.

Кон крајот на истата 2016 година, Александар Наумоски ја напушта челната позиција во „Уготур“ и станува приватен стопанственик, односно менаџер во компанијата „Метал тринaесет“ ДООЕЛ. Сепак, државната позиција е очигледно попримамлива за Наумоски, а можеби и одлучува дека сега иако неговата партија е на власт, не е најпогодното време за претпреимништво.

Наумоски има и впечатлива партиска кариера, и видливо секогаш во раководните тела. Така, до 1997 година бил член на Изврниот одбор на Градската организација на младината на СДСМ и го водел студентскиот сектор, а потоа станува и член на ИО на Централниот одбор на СДММ и го води истиот сектор. Во партискиот подмладок уредува и весник а е член и на раководното тело за односи со јавноста и маркетнг.

Подоцна минува во правната комисија на партијата и во секторот за меѓународна соработка а во периодот од 2000 до 2004 година е член на раководството на парстиската организација на СДСМ за Скопје а потао кусо и нејзин потрпетседател.

Во советот на Ѓорче Петров влегува по локалните избори во 2005 година, а од следните во 2009 година влгува во советничката група на СДСМ во Град Скопје по што и следуваше и изборниот пораз во првиот обид на Наумоски да стане градоначалник на Ѓорче Петров.

Настрана од предизборната понуда зад којашто стои вообичаено партијата, гласачите на локалните избори ќе гласаат и за личност. Погоре споменатот за ангажманот со кој и официјално се претставува Алескандар Наумоски пред избиачите покажува дека станува збор за личност која е понаклонета да биде на сигурна позиција и секогаш при врвот и тоа главно обезбедена преку партиско-приајтелски врски. Но тоа укажува и дека нема особено издразени лидерски карактеристики какви што треба да поседува личност којашто претендира на челната позиција во локалната власт.