ВМРО-НП со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во Битола

ВМРО Народна партија денеска соопшти дека на локалните избори ќе го поддржат кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, како и советничката листа од таа партија.

„Првата причина е што мислиме дека е добро за демократијата во Република Македонија да нема апсолутна власт една политичка партија. Втората причина е многу поважна, а тоа е дека ние сметаме оти Зоран Илиоски како кандидат за градоначалник и иден градоначалник ќе биде досега најдобриот појавен во овие 27 години во Град Битола“, велат од ВМРО-НП.