Со доаѓањето на власт започна енормното зголемување на капиталот на Заеви преку стекнување со милионски евра вреден имот за багателни цени. Пред само еден месец за само 20.000 евра Заеви го купија гигантот „Герас Цунев“. Оваа фабрика поседува индустρисκи погони и деловни пρостоρии од вκупна повρшина од 7.396 квадратни метри, истакна Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
„Со 20.000 евра сите останати чесни граѓани на Република Македонија можат да купат само гарсониера од 20м2 и ниту квадрат повеќе. Еве што стекнаа за 20 илјади евра:
Конфекцијата „Герас Цунев“ поседува работни погони со површина од 2.016м2 и 1.701м2 на улица „Гоце Делчев”, заедно со дворно место од 1.278м2.
Конфекцијата поседува и деловен простор од 73м2 на улица „Благој Мучето“ бр.4 во Струмица и помошни простории на улицата „Гоце Делчев“ со површина од 65м2 и 82м2 и деловен простор од 53м2 на Кеј на револуција бр.5, Струмица.
Акционерското друштво во својата сопственост има вреден објект од 444м2 на улица „Маршал Тито“ бр.2, друг објект во истиот склоп со површина од 242м2 со помошни простории од 181м2 во склоп на истиот објект. Дополнително фирмата има зграда од 795м2 и помошен објект од 386м2 на улица „Гоце Делчев“ бр.50 во Струмица.
Значи Заеви стекнаа удел во сопственост на два работни погони, две деловни простории, два други објекти и неколку останати помошни простории за само за 20 илјади евра“, истакна Попова.
Ова, додаде таа, е предмет за јавното обвинителство.
„Очигледна е злоупотребата на власта и притисокот врз институциите но и врз приватните стопанственици да се стекнат со милионски вреен капитал. Да потсетиме токму Заев беше снимен како бара поткуп од бизнисмен за 200.000 евра, скандал за кој никогаш не даде точно објаснување пред народот. Додека економијата паѓа, додека стандардот се намалува, додека опаѓа индустриското производство и просечната плата, Заеви се богатат. Граѓаните гледаат и на 15-ти октомври на СДС и на Заев ќе му испорачаат катастрофален пораз кој ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори“, заклучи Попова.