
Почна главната расправа во предметот „Тврдина 2“ за незаконско уништување на опремата за прислушување, во кој првообвинет е поранешниот шеф на Петтата управа, Горан Грујевски кој е во бегство и шест службенички во Управата.
На почетокот на судењето, судот донесе решение со кое на обвинетиот Грујевски ќе му се суди во отсуство.
Причина за тоа е известувањето кое СЈО го достави од МВР до судот, во кое се потврдува дека тој како обвинет е недостапен за органите на прогонот.
Истото е потврдено и од сведокот Никола Бошковски. Грујевски веќе три месеци е во бегство.