
Беспилотно летало сними извонредни снимки од уривањe на стариот мост „Кошуско бриџ“ (Kosciuszko Bridge) што ги поврзувал њујоршките општини Бруклин и Квинс веќе 78 години.
Контролираното уривање на мостот ќе овозможи завршување на вториот распон од мостот што треба да се заврши во 2020 година.
Мостот е именуван по полски војник, Тадеуш Кошуско, кој се борел во американската револуционерна војна.
Цената на проектот за замена на мостот ќе чини 873 милиони долари.