Велиновска: Гласајте масовно за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата (ВИДЕО)

Во емисијата „Миленко Неделковски -шоу“, новинарката и позната аналитичарка Мирка  Велиновска ја коментираше ситуацијата во Македонија во изминатите четри месеци влада на СДСМ и политичките пораки кои ги испрати ВМРО-ДПМНЕ во кампањата за локалните избори.

Таа истакна дека оваа влада е антидржавна и доведена насилно на власт со цел исполнување на ветувањата кои се штетни за македонската држава кон странски центри на моќ кој ги донеле на таа позиција.

Решението за оваа незавидна ситуација во која се наоѓа државата за Велиновска е: ,,Самоиницијативно, како самоснвесни Mакедонци ќе заокружиме каднидати на ВМРО, на Стевче Јакимовски, има што да се заокружи. Масовно овие да не можат да наполнат кутии“.

Неделковски и Велиновска се согласија дека ВМРО-ДПМНЕ има одлични каднидати, кои се докажани во изминатион период.