
Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторникот вечерта го обвини каталонските челници дека излегле вон рамките на „законот и демократијата“ и најави дека државата ќе го воспостави „уставниот поредок“ во Каталонија, каде што стотици илјади луѓе протестираат против полициското насилство во текот на одржувањето на референдумот во неделата кој официјален Мадрид го забрани.
Одмерувањето на силите меѓу централната влада во Мадрид и каталонските челници кои се закануваат со еднострано прогласување на независност, ја турна Шпанија во најголемата криза по враќањето на демократијата во 1977 година по смртта на диктаторот Франциско Франко.
Шпанскиот крал Фелипе Шести, кој инаку ретко се појавува во јавноста, во остриот телевизиски говор ги обвини каталонските челници дека излегле од рамките на „правото и демократијата“ организирајќи го референдумот за независност во неделата.
„Со своето неодговорно однесување можат да ја загрозат стабилноста на Каталонија и на цела Шпанија“, изјави кралот кој од неделата досега воопшто не се појави во јавноста со коментар за кризата. „Правната држава ора да го осигури уставниот поредок во Каталонија“, додаде во говорот пренесува на телевизијата.
Рече дека шпанската круна е силно доследна на шпанскиот устав и на демократијата и ја истакна својата доследност како крал на „единството и трајноста на Шпанија“.
Овој кус и ретко остар говор на кралот дојде на крајот од денот во кој во Каталонија се одржа генерален штрајк и масовни протести. Главните каталонски синдикати и четириесетина организации повикаа на општ штрајк кој се одвиваше преку денот.
На протестите кои започнаа попладнето и траеја доцна во ноќта учествуваа стотици илјади луѓе, меѓу кои главно студентите, пожарникарите и обичните граѓани огорчени поради тоа што националната полиција и Цивилната гарда во неделата употребија сила над демонстрантите кои со тела ги бранеа избирачките места на кои се гласаше за независноста.
Според податоците на локалната полиција, речиси 700.000 луѓе протестирале во поворки во каталонската престолнина Барселона, а во текот на ноќта се формирале и други поворки. „Надвор окупациските сили!“, „Улиците секогаш ќе бидат наши!“, извикуваа демонстрантите кон припадниците на националната полиција и Цивилната гарда кои во Каталонија од другите региони ги испрати Мадрид.