
Бебето родено во петокот вечерта на гинеколошко-акушерското одделение во клиничката болница во Тетово, чија 30-годишна мајка почина при породувањето, починало на детската клиника во Скопје, информираат министерството за здравство.
Се чека од здравствените власти да ја утврдат причината за трагичниот настан.
Бебето било извадено живо од триесет годишната родилка која била донесена во тешка состојба со висок крвен притисок.
Ова е уште една трагедија во низата вакви случаи во македонското здравство, во кои најголем дел се новороденчиња и деца. Поточно, за месец и половина, ова е 12-ти ваков случај.