Чиле не престанува да се тресе

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги зафати северните делови на Чиле, два дена откако истата областа беше погодена од уште посилен земјотрес со јачина од 8,2 степени.

Епицентарот на најновиот потрес, еден во низата по првиот земјотрес, е регистриран на 76 километри југоисточно од градот Икика, во северниот дел на земјата.

Граѓаните на тој град со 180 илјади жители стравуваат од нови потреси, ноќта ја поминале на отворено и во долги редови чекаат да ги купат основните намирници, а во меѓуврме цените на лебот и водат двојно се зголеми.

Обвинителството наложило да се уапсат сите сопственици на продавници кои ја подигнуваат цената на намирниците. Претседателката на Чиле наредила во погодените области да се распоредат војници за да се спречат евентуални грабежи.

Во претходниот земјотрес со интензитет од 8,2 степени загинаа шест лица.