
Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и Владо Мисајловски, вечерва посетија голем број на домови и остварија разговори со жителите на Ѓорче Петров.
-Вечерва, заедно со кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Владо Мисајловски, посетивме голем број на домови и разговаравме со жителите на Ѓорче Петров. Секогаш работа, секогаш Скопје, секогаш Македонија, напиша Трајановски на својот Фејсбук профил.