Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, ја поздравуваат и поддржуваат истрајноста и решителноста на мајките ширум Република Македонија кои што како што најавија собрале на 11.000 потписи за продолжување на породилното отсуство.
-Потсетуваме дека како пратеници и претходно ја поддржавме оваа граѓанска иницијатива која што беше одбиена од пратениците на СДСМ и истовремено како поддршка поднесовме Закон кои што ги содржеше истите барања од иницијативата која што СДСМ ја одби. Се разбира, пратениците од владеачкото мнозинство исто како и иницијативата го одбија и законот кој што требаше да овозможи продолжување на подорилното отсуство на идните мајки, се вели во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ тие повторно ќе застанат зад интересите и барањата на мајките и се надеваат дека овој пат СДСМ ќе собере храброст и посериозно ќе се вложи заедно со нас и со граѓаните да го исполни ова барање бидејќи очигледно е од голем интерес кај граѓаните кои што планираат принова во своите семејства.
-Сметаме дека собраните над 11 000 потписи се доволен и сериозен показател дека за оваа проблематика мора да се отвори детална и сериозна дебата во Собранието на Република Македонија и низ аргументи да се издејствува продолжување на подорилното отсуство во Република Македонија. Уште еднаш ги охрабруваме пратениците од СДСМ да застанат на страната на граѓаните во случајот мајките и наместо партиските интереси да ги бранат интересите на оние кои што ги гласале и оние кои што ги преставуваат во Собранието, а тоа се граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението.