
Чешкиот претседател Милош Земан смета дека има разлика во односите на меѓународната заедница во односот кон референдумот на населението на црноморскиот полуостров Крим и на поранешната јужна покраина Косово при што се забележува политиката на двојните стандарди.
„Јас го критикував отцепувањето на Косово од Србија, сметајќи дека тоа е очигледно кршење на Резолуцијата на Советот за безбедност (при Обеденетите нации) која ја гарантираше територијална целокупност на Србија, вклучувајќи го и Косово. Но се случи она што се нарекува ’мерење со двоен метар“ или ’политика на двојните стандарди’: во случајот со референдумот на Крим, тоа е нелегална анексија, а кога Косово и покрај наведената резолуција на Советот за безбедност на ОН еднострано ќе прогласи независност тоа е во ред“, изјави чешкиот претседател Милош Земан во интервју за телевизијата ТV Barrandov.
Како што рече Земан, тој реагирал на прогласувањето на независносната на Косово со одбивањето да назначи амбасадор во Приштина, и тоа место досега останува празно. Покрај тоа, Чешка не го прома повереникот за интересите на Косово во Прага.
Србија одбива да ја признае независноста на својата поранешна јужна покраина Косово и Метохија од која мораше да се повлече по судирите од 1998/1999 година и бомбардирањето на НАТО, која во 2008 година еднострано со поддршка на САД и главните држави од ЕУ прогласи независност. Косово досега е признаено од 110 земји, но не и од некои членки на Европската унија.
По неколкумесечната политичка криза во Киев започната во декември 2013-та кога тогашниот претседател Виктор Јанукович одлучи да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија и откако на крајот од февруари беше соборен од власта од прозападната опозиција која го обвини за свртување на земјата кон Москва, кога новите власти во Киев назначија своја управа и го укинаа законот со што рускиот јазик го загуби статусот на службен, на 16-ти март 2014 година се одржа кримскиот референдум на кој според организаторите се 96,77 отсто од избирачите гласале за присоединување на Руската Федерација, што на 18-ти март беше одобрено од руската Државна дума и Советот на Федерацијата, двата дома на рускиот парламент.
Киев и Западот, пак, ова го сметаат за нелегална руска анексија на украинска територија, поради што Европската унија следејќи ги притосоците од тогашната администрација на САД на претседателот Барак Обама воведоа неколку круга санкции против Русија, којашто одговори со противмерки и ембарго на увоз главно на прехранбени продукти од западните земји. Сепак, повеќепати досега парламентарни групи од земји од ЕУ го посетија Крим.
Уште во 1992 година требаше да се одржи референдум за тоа дали Крим ќе биде дел од Русија или од Украина. Меѓутоа, украинските власти со спречија референдумот, ги распуштиja тамошните органи, а тогашниот претседател на Автономната Република Крим го отстраниja од должноста, но за возврат му дадoa широка автономија со право на самоодлучувањe.
Крим останува и денес симбол на рускиот идентитет. За многу Руси овој полуостров е дел од Русија кој од 1991 година беше заробен во туѓа земја. Важноста што ја има Крим за Русија од историски, културен, воен и геополитички аспект се непроценливи.
Историјата на Крим кој Русија дефинитивно целосно го завладува кон крајот на XVIII век во времето на царицата Катерина Велика, е исполнета со симболиката на рускиот идентитет од царскиот и советскиот период. Полуостровот е место и од големо културолошко значење и за Руската православна црква, каде кнезот Владимир Велики, средновековниот владетел на Киевска Русија, претходничката на модерна Русија, го примил христијанството и го раширил меѓу својот народ. На Крим се воделе и крвавите судири во Кримските војни и во Втората светска војна.
Крим бил дел и од царска и од советска Русија повеќе од 170 години, додека советскиот комунистички челник Никита Хрушчов, етнички Украинец, со указ во 1954 година не го присоединил на Украина. Оттаму, многу Руси референдумот го гледаа и како можност да се исправи она што го сметаат за историска неправда.
Украинците, пак, не мислат да го отстапат Крим и неговото присоединување кон Русија го сметаат за нарушување на нивниот територијален интегритет и суверенитет, в што се поддржани од Западот. Се откажаа од наводна воена опција за враќање под своја контрола на полуостровот, но мислат да се борат со дипломатски и политички средства. Киев, поддржан од САД и ЕУ го прогласи референдумот за нелегитимен, а тогаш вршителот на должноста украински премиер Арсениј Јаценјук изјави дека „Украина нема да ѝ отстапи ни педа земја на Русија.