
Како што одминуваат неделите, Тијана Дапчевиќ, нашата претставничка на „Евровизија“, се полошо котира на европските обложувачници, кои на своите обложувачки листи ги ставиле и земјите кои годинава учествуваат на овој музички настан што ќе се одржи во Копенхаген.
Според листата, од Македонија послабо котираат само Летонија и Португалија кои се на самото дно, а Тијана во моментот е на 35. место, што е голем пад, бидејќи пред три недели беше на 28. место.
И понатаму, најголеми шанси за победа гласачите и’ даваат на Ерменија.
Тијана на „Евровизија“ ќе ја претстави Македонија со песната „To the sky“.