
Во мојата програма предвидуваме целосна реконструкција на осветлувањето во општината Ѓорче Петров, но не само на постоечкото, туку и поставување на ново осветлување по сите улички и сите сокаци, ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
„Приоритет во новата програма ќе ни биде да ги осветлиме сите паркови и јавни површини како и сите оние места околу зградите како и паркинзите. Сакаме Ѓорче Петров да добие еден нов сјај и едно ново комплетно реконструирано осветлување насекаде во општината, истакна Мисајловски.