„Технома 2017“ во ВИП Арена „Борис Трајковски“

Меѓународниот саем „Технома 2017″ годинава ќе се одржи од 25 до 29 октомври во ВИП арената „Борис Трајковски”.
Одложен е и есенскиот саем „Дома“, бидејќи халите на Скопски саем се продадени.

На „Технома 2017“, традиционално, ќе се претстават и националните економии на многу земји, покраини и региони, а за зголемување на соработката организирани ќе бидат стручни програми и Б2Б средби.

Работното време на саемот ќе биде од 10- 19 часот. Цената на редовната влезница е 50 денари, а за организирани групни посети влезницата 30 денари.