Трајановски и Пацоли разговараа за соработка меѓу Скопје и Приштина

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајновски, кој повторно ја бара довербата на граѓаните на претстојните локални избори, вчера имал средба со Беџет Пацоли, министер за надворешни работи на Косово и лидер на партијата Алијанса за Ново Косово.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

„На средбата разговаравме за досегашната соработка на општините од двете земји, соработка на главните градови, како и за потребата за продлабочување на истата“.