Хамас и Фатах постигнаа договор

Ривалските палестински групи Хамас и Фатах постигнаа договор по два дена разговори водени зад затворени врати во египетската престолнина Каиро, кои требаше да го конкретизираат помирувањето најавено мината седмица, соопшти исламистичкото движење Хамас во четвртокот.

Кабинетот на шефот на Хамас, Иссаил Ханија, кој го објави овој договор, не изнесува повеќе поединости. Подоцна е предвидена прес-конференција во Каиро, објавил извор од Фатах.

„Фатах и Хамас постигнаа договор во мугрите под великодушното египетско покровителство“, објави кабинетот на Ханија, пренесува Reuters.

Преговорите се однесуваат на конкретни детали за приближувањето на двете ривалски движење, по цела деценија раздор. Се чинеше дека преговорите ќе бидат одложени за најтешките прашања како што е контролата на безбедноста во Појасот Газа и судбината на 25.000 припадници на вооружената фракција на Хамас.

Хамас еднострано управива со Појасот Газа откако од енклавата ги протера Палестинската самоуправа речиси и по цената на избувнување граѓанска војна со Фатах во 2007 година. Движењето Фатах, на палестинскиот претседател Махмуд Абаз, пак, управува со другата палестинска енклава Западниот брег (на рекоата Јордан).

Фатах се смета за умеренеа палестинска групација, додека некои западни земји и Израел, Хамас го прогласија за терористичка организација.