САД се многу загрижени од вестите за судири во Киркук

Американскиот Стејт департмент објави ноќта кон понеделникот дека со големо внимание го следи развојот на настаните во областа околу ирачкиот град Киркук и дека е многу загрижен од извештаите за конфронтација меѓу силите на централната ирачка влада и курдските пешмерги.

„Внимателно ја следиме ситуацијата во Киркук и многу сме загрижени поради извештите за судирите, Ангажирани сме кај сите страни во судирот и работи на намалување на напнатоста“, изјавил за Reuters неименуван претставник на американскиот Стејт департмент.

Ирачката влада претходно објави дека нејзините сили ја преземале конролта над „големото подрачје“ во регионот на Киркук, вклучително и нафтените полиња запдно од градот во понеделникот ранот утрото, пренесе државната телевизија. Од друга страна, покраинскта курдска влаа ги негира овие наводи.

Малку претходно Пентагон, американското министерство за одбрана, ги повика ирачките и курдските сили на „избегнување акции коишто прдизвикуваат тензии“ и да се вратат на дијалогот за да се решат тензиите и да се надминат меѓусебните разлики.

„Се противиме на насилството од која и да е страна и повикуваме против дестабилизирачки акции кои одвраќаат од борбата против Исламската држава и натаму ја поткопуваат ирачката стабилност“, соопшти портпролата на Пентагон, Лора Сил.

Таа беше запрашана за коментар за обајвата на ирачката влада дека нејзините исли ја преземале контролата над „големи подрачја“ околу Киркук без судири со курдските пешмерги.

Светските агенции ја пренесоа оваа ирачка објава, но агенцијата AFP од анонимни функционери на пешмергите дознава дека наводно дошло и до размена на артилериски оган меѓу двете страни.

„Продолжуваме да го поддржуваме единствениот Ирак. И покрај тоа што курдистанската регионална влада донесе несреќна одлука за одржување на референдумот за независнот, дијалогот останува најдобрата опција за да се отстранат постојните тензии и да се решат долготрајните прашања, во согласност со ирачкот устав“, изјави портпролката на Пентагон.

 

Ги повика, исто така, сите актери во регионот да се насочат на заедничката закана од Исламската држава и да се избегне подигнување на тензиите меѓу ирачкиот народ иистакна дека САД ги обучувале и вооружувале и ирачките и курдските сили.