![esen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/esen.jpg?resize=630%2C473&ssl=1)
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло за овој период од годината со мала до умерена висока облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 12, а максималната од 24 до 28 степени.
Во Скопје утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена висока облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 27 степени.
Стабилното, суво и топло време со позитивни утрински температури ќе продолжи и понатаму. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. Преодно наоблачување ќе има во петок, а позначителна промена на времето се очекува во почетокот на наредната недела.