Поранешниот сдсмовец и сегашен пратеник ја напушти ГРОМ

Поранешниот сдсмовец и сегашен пратеник Чедомир Саздовски ја напушти ГРОМ.

ГРОМ на Стевчо Јакимовски сега остана само со еден пратеник во Собрание на РМ.

Претседателот на Собрание, Талат Џафери, официјално потврдил за Канал 5, дека добил такво барање од Саздовски.

Од друга страна Саздовски најави ваква разврска, бидејќи како што изјавил, одлуката била донесена уште на 27 април, кога се случи насилството врз пратениците.

Чедомир Саздовски беше член на СДСМ и советник од оваа партија во минатото во општина Кисела Вода.