
Бројот на смртно настраданите во нападот во американско беспилотно летало во понеделникот ноќта врз припадници на талибанската авганистанска мрежа Хакани во племенската планинска паштунска област на Пакистан порасна на 26, соопштија во вторникот локалните власти, откако првите податоци веднаш по нападот говореа за петмина загинати.
Нападите биле насочени на наводен состанок на припадниците на мрежата Хакани, обвинета дека држела како заложници изминатите пет години едно северноамериканско семејство коешто беше ослободено минатата седмица, но околностите за тоа не беа јасно објавени.
Нападот бил изведен во племенската зона Курам, зафрлена во пограничниот регион Авганистан. Исто така, овој напад доаѓа во време кога САД го зголемуваат притисокот врз Пакистан последните мееци да ја нападне мрежата Хакани.
„Во првиот удар убиени се пет борци на мрежата Хакани, а неколку минути подоцна втор дрон истрела уште две ракети кога бунтовниците дојдода да ги соберат телата во урнатините. Засега се собрани 26 тела, а дроновите и натаму летат на небото“, изјавил за AFP неименуван висок владин функционер. Уште еден финцкионер го потврдил развојот на настаните и новиот биланс.
Ова е втор ваков напад откако американскиот претседател Доналд Трамп во август го обвини Пакистан дека им обезбедува „безбедни засолништа“ на милитантите.
Американските напади со беспилотни летала предизвикуваат силни негодувања во јавноста во Пакистан во врска со суверенитетот на земјата, како и кај групите за заштите на човековите права.
Во 2013 година, организацијата за заштита на човековите права Amnesty International, со седиште во Велика Британија, посочи дека САД би можеле да бидат виновни за воени злосторства поради ваквите вонсудски егзекуции, во кои неретко има ткн „колатерални штети“, односно недолжни цивилни жртви.
Воздушните напади со беспилотни летала, иницирани од поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш во 2004 година, ја доживеаја својата кулминација во текот на мандатот на претходниот претседател Барак Обама. САД изведуваат вакви напади во Пакистан, Авганистан, Јемен, Сомалија, Либија, како и на Блискиот исток, во прв ред во Сирија и Ирак.