Повторно тежок инцидент во Шуто Оризари

Хермелини, џипови, специјалци и припаднции на полициската единициа „Алфа“ во вторникот ноќта започна кампањата за вториот круг од локалните избори во скопската општина Шуто Oризари

Повторно тежок инцидент се случи во населбата Шуто Оризари, откако за малку избегната тепачка меѓу симпатизерите на двајцата кандидати за градоначалници, Елвис Бајрам и Курто Дудуш. Од штабот на Елвис Бајрам информираат дека околу 16 часот попладнето, пратеникот Курто Дудуш, бил на средба со граѓани во населбата. Откако тој си заминал, по половина час на истото место дошол и кандидатот Бајрам, со неговиот советник Аднан Мемет.

Луѓето му се жалеле на Бајрам, дека Дудуш им вршел притисок и им се заканувал. Според штабот на Елвис Бајрам, во тој момент пристигнале три-четири возила, со околу 20-ина луѓе во нив и започнале да го навредуваат нивниот кандидат. На групата им се придружил кандидатот за советник, Ќамуран Сокол, кој исто му се заканил на Бајрам со зборовите „Сега ние сме на власт, полицијата е наша и ќе правиме што сакаме”.

Штабот на Бајрам обвинува дека нивниот противкандидат Дудуш се појавил во придружба на полицајци во цивилна униформа и влегле во една од куќите, но биле избркани од сопственикот, кој го штител Бајрам и Мемет.

 

https://www.youtube.com/watch?v=SPtbCF9wVBI