
Кинескиот претседател Кси Џинпинг во својот три иполчасовен говор во средата на отворањето на конгресот на Комунистичката партија на Кина вети дека ќе изгради модерна социјалистичка држава која никогаш нема да копира политички системи на другите земји и ќе остане отворена кон светот.
Со говорот, кој е чуваше во голема тајност но беше најавено дека повеќе на идеологијата отколку на конкретни политички состојби, Кси Џинпинг во кој опфати широк дијапазон од теми во средата започна 19-от Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, кој е најважниот годинешен настан во оваа земја, и од кој се очекува насоката за натамошниот развој на Кина.
Конгресот кој ќе ја доживее својата кулминација со изборот на новиот постојан комитет на политбирото на Централниот комитет на комунистичката партија на Кина којшто ќе раководи со кинеската нација од 1,4 милијарди луѓе во следните пет години.
Кси ја изнесе својата визија пред повеќе од 2.000 делегати во Домот на народот, меѓу кои беше и 91-годишниот поранешен претседател Џианг Цемин.
„Во текот на долгиот период на тешка работа, социјализмот со кинески обележја влезе во новата ера, тоа е нова историска насока во развојот на нашата земја“, истакна Кси во говорот кој беше во живо пренесуван преку државната телевизија ширум земјата.
Кина ќе го олесни пристапот на својот пазар за странските вложувања и ќе го прошири пристапот во услужниот сектор, како и ќе ги предлабочи пазарно ориентираните реформи на девизниот курс и финансискиот систем, додека истовремено ќе ги јакне државните компании.
Кинескиот политички систем е наголемиот, најоргиналниот и најефикасниот начин за зачувување на основните интереси на народот, истакна Кси. „Не би требало само механички да ги копираме политичките системи на другите земји“, додаде.
Кси вети партиски успеси, особено во антикорупциската кампања против високо рангирани функционери. „Борбата против корупцијата стана нашиот став кој надвладува и е се’ посилна“, рече кинескиот претседател додавајќи дека Кина ја одржува политиката на нулта тлеранција кон корупцијата во владејачката партија.
Кси водеше беспоштедна борба против длабоко вкоренетата корупција откако пред пет години дојде на челната позиција во партијата и државата, и во тој период се осудени и затвоени повеќе од милион партиски и државни функционери, а десетици високи функционери завршија во затвор.
Кси повика и на борба против сето она што би можело „да ја поткопа“ Комунистичката партија. „Мораме да го отстраниме сето она што ја поткопува чистотата на партијата… и да се справиме со секој вирус кој го нарушува здравјето на партијата“, истакна.
Кинескиот челник, исто така, рече дека земјата цврсто се спротиставува, како и дека ќе ја спречи независноста на Тајван, држејќи се до принципите на политиката „една Кина“ којашто мора да биде зачувана.
На овој дел од говорот на Кси веднаш реагираше Тајван порачувајќи дека е апсолутно право на 23 милиони луѓе на овој остров да одлучуваат за својата иднина во земјата којашто ја основале во 1948 година, по кинеската револуција.
Кси, исто така, нагласи дека Кина има намера да соработува со другите земји во борбата против климатските промени. Кина, инаку, во 2007 година ги престигна САД како најголем загадувач на земјината атмосфера.
Главниот фокус на конгресот ќе биде посветен на тоа на кој начин Кси Џинпинг планира да ги употребува своите овластувања. Големо внимание, исто така, ќе биде посветено на секој чекор кој на Кси би му овозможил да остане на власт и кога ќе заврши неговиот втор мандат во 2022 година.
Како и во текот на другите важни настани коишто се одржуваат во Пекинг, како што известуваат бројните странски медиуми од кинеската престолнина, градот е пеполн со припадници на безбедносните служби, а долги редици патници чекаат пред влезовите од станиците на подземната железница за да ги претресат полицајците и да бидат прегледани со детектор за метал.
Кинеската владејачка Комунистичка партија минатата седмица во најавата на својот Конгрес се согласи на измени на партискиот устав, а се очекува дека ќе ги вгради во него политичките теории на претседателот Кси Џинпинг. Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина во саботата го одобрил претходно најавениот предлог за измени на партискиот статут, кој сега ќе биде проследен до Конгресот на формално усвојување.
Во опширниот извештај кој партијата го објави преку социјалните медиуми, се истакнува пофалбата за изминатите пет години под водство на претседателот Кси Џинпинг, особено успехот во борбата против корупција, но не се наведува кои негови мисли ќе бидат вклучени во партискиот устав. Клучната мерка на моќта на Кси ќе биде дали ќе може да постигне неговото име да биде „крунисано“ во партискиот устава издигнувајќи го на ниво на претходни водачи, како мисилте на Мао Це-тунг или теориите на Тенг Хсиао-пинг.
Кога станува збор за подоцнежните претходници на Кси, како Џианг Цемин и Ху Џинтао, и во двата случаи партискиот устав беше изменет за да се вклучат нивните главни мисли, но директно не беа додадени нивните имиња. Во делот од изјавата во којшто се споменуваат теориите на поранешните водачи, се наоѓа и референцата со којашто се проткаени „низата важни говори и нови концепти на генералниот секретар Кси Џинпинг, како и неговите нови размислување и новите стратегии на раководење“, со што се навестува дека таа формулација би можело да биде употребена.
Кинериската Комунистичка партија, исто така, има намера да ја задржи доследноста на „Четирите сеопфатности“ на Кси, коишто се однесуваат на тоа Кина „сеопфатно“ да работи на изградбата на умерено напредно општество и јакнењето на реформите, владеењето на правото и партиската дисциплина, како и „Четирите големи“ кои се фокусираат на партиската изградба и подмладување на државата.
На четиридневната пленарна седница на Централниот комитет, исто така, ќе биде одобрен извештајот за истрагите на поранешните висико функционери кои се обвинети или се осудени поради корупција. Откако ја презема власта пред пет години, Кси започна остра капања против длабоко вкоренетата корупција и во тој период се казнети повеќе од милион лица, а десетици високи партиски функционер беа осудени и затворени. Комунистичката партија вети дека кампањата, којашто ја надгледува блискиот соработник на Кси, Ванг Чишан, никогаш нема да заврши.