
Грозоморен чин се одиграл во вторникот во скопско, откако брат си ја силувал сестрата, а потоа се заканувал дека ќе ја убие.
Во вторникот околу 13,30 во полициска станица 26-годишната П.Н. од село во скопско, пријавила дека околу пладне претходниот ден, додека била сама во куќата, одзади ѝ пришол нејзиниот брат, 27-годишниот Р.Н., со рака ѝ ја затворил устата, ја соблекол и ја силувал, информираат од МВР.
По грозоморниот чин тој ѝ се заканил дека ќе ја убие ако каже некому. Во вечерните часови настанало расправија меѓу пријавителката, брат и и нивната мајка.
По расправијата брат ѝ физички ја нападнал, а потоа земал нож и ѝ нанел расекотина на прстите од раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.