Капитол мол подарува цел месец

Капитол мол се грижи за своите потрошувачи на секој можен начин. Самиот дизајн и најголемата цел за овој центар е секој посетител да се чувствува сигурно и пријатно. Секој аспект за уживање на посетителите се исполнува и редовно надградува.

Секој ден луѓето имаат сè повеќе обврски. Капитол мол верува дека секојдневието може да биде поубаво преку создавање на атмосфера која со забава и уникатност го исполнува задоволството од шопинг искуството. Идеалниот дизајн и разновидната понуда креираат топол амбиент во кој секој може да си го задоволи сопствениот вкус и затоа Капитол мол претставува место каде целото семејство може да се впушти во игри, шопинг и забава. Овој месец тоа станува уште позабавно поради почеток на Програмата за верни потрошувачи на Капитол мол.

Програмата за лојалност започнува од 18.10 и ќе трае до 18.11.2017 при што со сметка над 2.000 денари во било која продавница во Капитол мол секој ќе ја има шансата да биде еден од среќните учесници што ќе се стекнат со подароци во Капитол мол. Исклучок во реализацијата на програма се фискалните сметки од супермаркетот, платените сметки за телекомуникациски услуги и платени сметки за комунални и режиски услуги во рамките на Капитол Мол.

Додека трае Програмата за лојалност, Капитол мол ќе остане на патот на својата цел и ќе организира забавни активности и изненадувања за секој посетител за да го исполни секој ден со забава и уживање.