
Градоначалникот на српскиот град Крушевац, Драги Несторовиќ, починал во саботата утрото во Тајван.
Несторовиќ најверојатно починал како последица на срцев удар.
Како што пренесуваат тајванските медиуми, на Несторовиќ, кој бил во посета на Тајван како дел од делегацијата NALED, му се слошило за време на ручекот, по што паднал во несвест.
Вработените во ресторанот веднаш повикале брза помош, по што градоаначалникот бил пренесен во болница. И покрај напорите на лекарите тој починал еден час подоцна, околу 13:30 по локално време.
Зад себе остави сопруга и две деца.