Државниот секретар на САД, Џон Кери вели дека администрацијата на Барак Обама прави проценка на улогата во израелско-палестинските мировни преговори, откако и двете страни се поделени во однос на договорот за преговорите во насока на решение за создавање на две држави.
Кери вели, дека претседателот Обама јасно изјавил дека учеството на Соединетите држави во Блискоисточниот мир нема да биде бесконечно, затоа што Вашингтон е исправен пред кризи како оние во Украина, Сирија и иранската нуклеарна програма.
„Има ограничување на време кое САД може да го одделат ако самите држави не сакаат да преземат конструктивни стапки за да постигнат напредок“, вели тој.
Најпесимистичките прогнози на Кери за перспективата за мир следи поодбивањето на израелските власти да ослободат палестински затвореници, а Палестинците гласаа за присоединување кон 15 меѓународни организации, што ќе ги приближи до зголемување на шансите за признавање во Обединетите Нации.
Доколку никоја од страните не пројави желба да ги напушти преговорите, вели Кери, дојдено е време за „проверка на реалноста“.
„За жал, во последните неколку денови и двете страни преземаат чекори кои не се од помош. И тоа е видно за сите“, вели тој.
“Така што, ние ќе ги оцениме внимателно точно до каде се стигнало и каде би можеле да стигнеме“, додава тој.
„Лидерите треба да се одговорни. Самите партии треба да преземат фундаментални решенија и компромиси“, вели Кери.
Но, по година на обиди да бидат собрани двете страни на една маса, Изралцие и Палестинците взаемно се обвинуваат за нарушување на договореното.