
Шестгодишно девојче е тешко повредено откако во истото удрило автомобил „Рено“.
Несреќата се случила вчера околу 8:45 часот во Штип на крстосницата со улиците „Черења“ и „Косовска“.
Триесет и двегодишниот К.Т. од Штип управувајќи го возилото удрил во девојчето кое се здобило со тешки повреди и било пренесено во штипската болница. Поради сериозноста на повредите детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје каде е задржано на лекување.