Во Германија откриени фосилизирани заби стари 9,7 милиони години

Германските палеонтолози, сеејќи чакал и песок на месото на некогашното корито на реката Рајна во близина на градот Епелсхајм откриле 9,7 милиони години стари фосилизирани заби, што според нивното мислење би можело да ја измени историјата на човештвото каква што ја знаеме.

Скаменетите заби се слични коишто му припаѓале на Australopithecus afarensis, поточно 3,2 милиони години стариот скелет на женски примат кои се поврзува со луѓето наречен „Луси“, кој во 1974 година го откри палеонтологот Доналд Џонсон во научната експедиција во Хадар во Етиопија.

Истражувањата извршени на фосилните останки од „Луси“ покажале дека нејзината сорта веќе наголемо се движела исправено, на две нозе, дека имала многу развиено тело, но таму каде што се очекуваше најголемиот напредок, тој изостана. Имено, Луси имала изразено мала глава, што значи дека ниту черепот ниту мозокот не се развиле позначително.

Меѓутоа, скаменетите заби откриени во Епелсхајм не потсетуваат на ниеден друг вид откриен досега во Европа или Азија. Научниците, според нивното тврдење, биле толку возбудени и збунети од откритието, што се воздржувале од каква и да е негово објавување речиси цела година.

„Очигледно станува збор за заби на мајмун. Многу се слични на забите и коските откриени во Африка кои се околу четири до пет милини години помлади од фосилите откриени во Епелсхајм. Откритието за нас претставува извонредна среќа, но и голема мистерија“, вели за Deutsche Welle, директорот на Природонаучниот музеј во Мајнц, Герберт Луц.

На прес-конференцијата на којашто беше објавена информацијата, градоначалникот на Мајнц изјави дека не сака премногу да драматизира, но оти смета дека откритието на германските палеонтолози би можело да влијае на измени во досега познатите податоци за историјата на човештвото.

Локалниот археолог Аксел фон Берг, изјави дека и покрај бројните фосилни докази за постоењето на големите мајмуни во цела Европа пред повеќе милиони години, нема потврдени случаи на откривањето на okamini homini, племе од потсемејството homininae кое ги опфаќа само видовите човек (homo), шимпанзо (pan) и нивните изумрени предци. Припадниците на овој трибус се нарегуваат хоминини.

Имајќи предвид дека анализата на фосилите само што започнала, пред научниците претстои „вистинската работа“ којашто ќе овозможи целосно откривање на мистеријата, вели др Луц.

Научниците се согласни дека модерните предци на човекот се развиле во источна Африка пред околу 400.000 и 200.000 години, по што пред 70.000 години се растуриле насекаде по светот.

Фосилите од забите откриени во Германија ќе бидат изложени во Природонаучниот музеј во Мајнц. Регионот во кој се пронајдени, инаку, е омилено ловиште веќе 200 години наназад.