Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба денеска реагираше на сознанието дека во Паркот на природата Гази Баба кој е заштитен со закон ќе се даваат плацеви за изградба на станбени објекти и потенцираа дека нема да го поддржат тоа.
-Со тоа ќе се зафати дел од зеленилото и ќе се направи оштетување на Паркот на природата. Како советничка група најавуваме дека таков план нема да за поддржиме и нема да дозволиме да се намали ниту сантиметар зелена површина на Паркот Гази Баба. Нашата заложба заедно со градоначалникот Тони Трајковски ќе биде да продолжиме со заштита на Паркот на природата Гази Баба и зголемување на зеленилото со засадување нови дрвја и обновување на тревната површине, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба.