БЕСА: Арифи продолжува да го троши буџетот на Тетово за свои потреби

Иако е во последните денови од нејзиниот мандат на чело на општината Тетово, градоначалничката во заминување Теута Арифи продолжува да го прави тоа што умее најдобро: да го троши буџетот на општината за индивидуи кои и вршат лични услуги неа, користејќи ја буџетската линија за договори на дело, изјави во понедленикот пред новинарите челникот на Движењето БЕСА, Билал Касами.

„Во овој период од нејзиното неуспешно четиригодишно владеење, се евидентира огромни трошоци за лични потреби и на нејзиниот тим и за вработувања на договор на дело, главно партиски милитанти и групи на интерес со што овие услуги и ги ’отплаќат’ на градоначалничката во заминување со најниски клевети кон секого кој ги открива и ги обелоденува овие коруптивни факти“, додаде Касами.

Посочи дека според информаците коишто сега веќе се објавени од организации кои ја мониторират општината, 113.6 милиони денари се потрошени за договори на дело, односно сума од 1 милион и 830 илиади евра, додека „зафатена од паниката“ од пораз на изборите доаѓаат информаци дека таа потпишува десетици такви договори за услуги на дело за овојпет месечен период, а во суштина се услуги кои ` се нудат само неа, а не на граѓаните на општината.

Теута Арифи, продолжи Касами, прави двојна злоупотреба, не само со општинската каса, туку и со кршење на Изборниот законик злоупотребувајќи ги општинските средства, и посакувајќи да коруптира луѓе и да купува гласови.

„Во овој случај прашуваме јавно, колку им кошта на тетовчани од нивните такси еден глас за неуспешнава градоначалничка? Особено кога овие фиктивни вработувања се прават спротивно со органограмата на општината и спротивно со секоја административна процедура. Ги повикуваме сите органи на редот да ги испитат што поскоро овие злоупотребувања кои продолжуват за цели четири години во Општина Тетово, додека кулминацијата ја достигна во овој период на изборите кога буџетот на општината се злоупотребува од градоначалничката во заминување, Теута Арифи“, рече Касам.

Исто така, тој вети дека, сиве овие податоци ќе се објавуват во неговиот првт работен ден како радоначалник и сите злоупотребувачи ќе бидат ставени пред лицето на правдата.