
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ќе го одложи процесуирањето на барањата за поголемиот дел од бегалците од 11 земји кои се идентификувани како високо ризични за безбедноста на САД, но ќе се продолжи со постапките со прифаќањето на бегалците од другите земји, соопштија во средата владини функционери.
Американската влада, исто така, ќе го стави на чекање на програмата на спојување на семејствата за некои бегалци кои се разместуваат на територијата на Соединетите држави. Овие промени се донесени по истокот на четиримесечната забрана за мнозинството бегалци,м за да се овозможи ревизија на постапката на проверките.
Периодот на забрана на бегалците од 120 дена истече во вторникот, а претседателот Доналд Трамп, издаде извршен указ со кој воопштено се продолжи спроведувањето на американската програма за бегалци.
Бегалците од 11-те земји: Египет, Иран, Ирак, Лиија, Мали, Северна Кореја, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Сирија и Јемен, се соочуваат со дополнителни пречки, бидејќи мора да минат темелна безбедносна проверка позната како Советодавно мислење за безбедноста (SAO).
Во оваа група се опфатени и Палестинците коишто живеат во некоја од единаесетте наведени земји.